ЕУ Секс барометар - кој и колку? Печати Е-меил
[28-08-2008 | 00:27 часот]
 ТВ каналот Virgin1 спроведе анкета чии резултати се поразувачки за Британците - тие го прават тоа едвај еднаш во 10 дена! Меѓутоа, не е се...

... така труло на стариот континент - според анкетата Французите се сексаат најмалку 4 пати неделно, а Италијаните два пати.

Швеѓаните (како и секогаш) се најслободни - 66% од нив има секс веќе на првиот состанок, додека кај Британците овој процент е преполовен.

Кога е брзината на самиот чин во прашање, Британците сакаат набрзинка, додека Германците преферираат полека и долго - од половина, па дури до два часа!

Секси играчки користат 31% од Германците, додека Италијаните повеќе сакаат да се сликаат и снимаат.

Они се и "најзадоволни" - дури 40% од Италијаните редовно доживуваат оргазам во текот на сексот.

Најпромискуитетни се Швеѓаните, а најромантични Британците.

Значи, додека чекате виза за патување во некоја од земјите во ЕУ, запрашајте се - дали сте ја избрале вистинската земја?