Во последните години производителите ги воочија предностите на користење на тркачки стази (како германската Nurburgring...
...во развивањето на расните спортски автомобили. Еден од автомобилите кој практично е создаден за споменатата стаза - е новиот Cadillac CTS-V. Луксузната спортска лимузина со месеци е прилагодувана до најситни детали, за да (како што пренесуваат американските медиуми), го избрише подот со европската конкуренција. И тоа и се случи.... Новинарите од Inside linea добија прилика да го пробаат новиот CTS-V на стаза, па дури и да го споредат со актуелните конкуренти од германскиот табор - BMW M5 и Mercedes E AMG. Четврт миља CTS-V ја одспринта за 12,7 секунди, две стотинки побрзо од BMW и Mercedes, додека кочењето од 96 km/h (60 mph) го заврши во 33,22 метри - 1,5 пократко од конкуренцијата. Како конечен удар послужи слаломот кој Cadillac-от го помина со 113,7км/ч, BMW 109,7км/ч а Mercedes 104км/ч.  |