|
Пит и Клуни ја запалија Венеција |
|
|
|
[29-08-2008 | 00:22 часот] |
 Вчера, на првата вечер на 65 филмски фестивал во Венеција, најголеми ѕвезди очекувано беа холивудските пулени Brad Pitt и...
... George Clooney. Тие го отворија престижниот фестивал со нивниот филм "Burn After Reading". Филмскиот фестивал ги собра најголемите светски ѕвезди кои во следните 11 дена ќе си ги одмерат силите во градот на каналите. Азијците и европејците повторно ќе се борат против "тешкашите" од Холивуд, во трка за престижниот Златен лав. Оваа година на фестивалот ќе се прикажат 52 филма од кои 21 ќе се борат за главната награда. 


 |