Повеќе неред - помалку стрес? Печати Е-меил
[29-08-2008 | 14:36 часот]
 Најновите истражувања на психолозите во САД покажуваат дека ако научиме да го толерираме хаосот, кој нормално го има во сечиј живот...

... можеме да се чуствуваме многу посреќни - а стресот ќе се намали.

Доколку се навикнеме на предметите во хаосот околу нас, без да се преоптоваруваме дека е неуредно, ќе научиме да црпиме енергија од секоја ситница која се наоѓа во наша близина.

Секој предмет или слика може да не инспирира, да ни помогне да бидеме покреативни во работата, да не потсети да направиме нешто, а потоа резултатот е чувство на исполнетост и среќа.

Затоа наместо нервозно да ги раскревате ситниците околу вас, оставете ги и пробајте од нив да го "извлечете" најдоброто од нив - и да бидете опуштени и исполнети.