Се чини дека феминистичкиот сон, потполната рамноправност меѓу мажите и жените, полека тоне во заборав. Истражувањето кое...
... вчера го објави Daily Mail покажа дека се повеќе мажи сакаат традиционална сопруга, а се повеќе жени се спремни тоа да го понудат. Повеќе од 1500 мажи и жени учествувале во анкетата во која се бирале особините кои најмногу се ценат кај сопружникот. Одговорите биле повеќе од неочекувани, и совршено би се вклопиле во реалноста на времето од 50-тите години. На врвот на листата кај мажите биле грижата за куќата, готвењето, чистењето и родителството. Меѓутоа не само мажите се покажале како конзервативни. Скоро 40% од жените потврдиле дека многу би ја ценеле финансиската стабилност која би им ја понудил сопругот, и дека за возврат би се сконцентрирале на куќата и семејството. Тања Џексон од истражувачкиот тим, има своја теорија за резултатите. Таа вели дека повеќето жени покрај себе (досега) посакувале метросексуалци, но сега сватиле дека им е доста од мажи кои поминуваат повеќе време од нив во бањата. Сега повеќето жени сакаат "ловци", а за возврат они би се грижеле за него" додава таа. |