Нов Sharp LCD- најголем и најтенок Печати Е-меил
[01-09-2008 | 00:59 часот]
 "Sharp" најави нов удар во LCD индустријата. Од таму соопштуваат дека во октомври на пазарот ќе лансираат ултра големи - ултра...

 

... тенки LCD телевизори.

Се работи за серијата AQUOS во која ќе биде вклучена последната LCD технологија, а ќе се нуди во две изданија - 52 и 65 инчи, со дебелина од само 2,3 сантиметри.

Иако имаат голема површина, поради тоа што се ултра тенки, овие телевизори се толку лесни што без проблем може да се монтираат на ѕид.

Покрај 1080p FULL HD резолуцијата и 100-херцната технологија, новиот модел поседува контраст од 10,000:1.

"Sharp" го чуваат овој џокер за престојниот IFA 2008 саем за електронија во Берлин - Германија.