Првиот подземен стадион во светот Печати Е-меил
[01-09-2008 | 14:34 часот]
 Доколку се оди според планот, изградбата на големиот стадион "The Wall" во главниот град на Катар, ќе биде завршена до 2010...

 

Овој стадион е специфичен по тоа што ќе биде првиот подземен фудбалски стадион на светот.

Стадионот ќе биде климатизиран и нема да биде осветлен на традиционален начин со рефлектори, туку ќе има посебно осветлување кое ќе биде интегрирано во самата архитектура на стадионот.

Единствена причина поради која се гради овој стадион се временските прилики и надворешната температура која досега во Катар претставуваше проблем - првенствено поради топлата и сува клима.

Стадионот ќе има посебно дизајнирани седишта, во вид на фотељи, а единствениот недостаток е тоа што овој стадион ќе може да собере само 11.000 посетители.