|
Кина го гради најбрзиот воз |
|
|
|
[01-09-2008 | 22:58 часот] |
Кинеските амбиции после Олимписките Игри, се уште поголеми. Од тамошното министерство за железнички сообраќај е објавено...
... дека Кина работи на нов план за произведување на воз – односно најбрзиот воз на светот, кој ќе ги поврзува Пекинг и Шангај. Новата железничка линија ќе биде отворена во 2012 година, а новата технологија ќе му овозможи на овој воз да развие брзина до 380 km/h, што е повеќе за 30 km/h од брзината со која се движат возовите од сегашната генерација. Со самото тоа што двата најважни кинески градови се оддалечени дури 1.318 километри, новата линија со сигурност ќе ги унапреди врските и ќе ја промовира Кина во светот. |