Најголемиот карневал во ЕУ (фото) Печати Е-меил
[01-09-2008 | 23:32 часот]
 Околу 850.000 луѓе ги преплавија улиците на лондонскиот кварт Notting Hill, со цел да учествуваат на најголемиот карневал во Европа...

 

... кој се одржа минатата недела.

Ова случување кое секоја година привлекува стотици илјади посетители и неретко е обележан со инциденти и насилство, овој пат помина релативно мирно.

Карневалот од 1959 година, секоја година го организираат доселениците од некогашната британска колонија на Карибите, како одговор на расните нееднаквости и конфликти кои избиле во 1958 година.

Овој карневал на почетокот се одржувал во различни делови од Лондон, за од 1964 година, конечно да се пресели во Notting Hill.

Денес, овој карневал е втор по големина во светот, секако после оној во Rio de Janeirо.