Google против Explorer и Firefox Печати Е-меил
[02-09-2008 | 23:43 часот]
 Google ја лансираше бета верзијата на својот интернет прелистувач насловен како Chrome Web browser. Овој слободен...

 

... софтвер со минималистички дизајн и иновативна технологија би требало да стане едноставен и безбеден начин за сурфање, како замена (читај конкуренција) на веќе добро познатите Internet Explorer и Firefox.

Бета верзијата на Google Chrome прелистувачот веќе е достапна во 122 земји и на 43 јазици, а може да ја симнете на www.google.com/chrome/

Во моментов прелистувачот работи на Windows базирани компјутери кои користат XP или Vista, а Mac и Linux верзиите се сеуште во фаза на развивање.