Качувањето скали спасува живот Печати Е-меил
[03-09-2008 | 00:15 часот]
 Качувањето по скали наместо користењето на лифт, може да ви го спаси животот - тврдат швајцарските експерти. Ако се качувате...

 

... или симнувате по скали на работното место или до станот, ќе имате помалку проблеми со тежината и притисокот покажува новата студија.

Резултатите покажаа дека со ваква физичка активност, се смалува ризикот од прерана смрт и до 15 проценти! Истовремено се намалува и обемот на струкот, телесната маса, а го намалува крвниот притисок и холестеролот.

Женевските експерти истражувањето го спровеле на 77 свои колеги од универзитетот, кои претежно водат "седечки" начин на живот.

По 3 месеци од некористењето на лифтот од страна на испитаниците, експертите ги утврдиле позитивните ефекти од движењето по скали на работното место, што укажува на целокупниот позитивен ефект врз здравјето.

Забележан е пад на масата и телесните масти до 2%, намален холестерол до 4% и крвен притисок до 2,3%, пишува Daily Mail.