Супер концерт на плоштад Македонија Печати Е-меил
[03-09-2008 | 02:01 часот]
 Во понеделник, по повод денот на независноста, на плоштад Македонија ќе се одржи голем концерт на кој ќе  настапат..

... Суперхикс, Кирил Џајковски и Фолтин. Шоуто ќе стартува во 20 часот, а за сцената и за озвучувањето се задолжени "Биг Саунд", информираат од "Литиум рекордс".

"Суперхикс" концертно ќе го промовира актуелниот албум "И сега што", а битолскиот авангарден состав "Фолтин" ќе го отсвири новиот материјал од нивното ЦД.

Популарниот музичар и диџеј - Џајковски, предвидено е да настапи придружуван од ромскиот брес бенд "Серџук".