|
Нова - највисока зграда на светот |
|
|
|
[03-09-2008 | 15:52 часот] |
Изминатата сабота во Шангај, за прв пат за јавноста беа отворени вратите на највисоката зграда на светот - половина километар високата...
... зграда World Financial Centre (SWFC). Центарот висок 492 метри вклучува хотели, деловни простории, шопинг центри, обсервациски платформи и што уште не. Разбирливо и очекувано од облакодер во кои беа инвестирани 1,13 милијарди долари. Новиот облакодер ги надмина досегашните рекордери - кулите на Petronas со 452, и облакодерот Taipei 101 со 448 метри. World Financial Centre нема уште долго да ужива во титулата. Во моментов се гради гигантот кој веројатно уште долго никој нема да го надмине - 807 метарскиот облакодер "Burj Dubai" во Дубаи. 
 |