|
Нема веќе вотка-мартини за агентот |
|
|
|
[04-09-2008 | 23:21 часот] |
Нема повеќе вотка-мартини за легендарниот агент James Bond. Во соработка со "Coca Cola", агентот 007 од сега ќе пие само Coca Cola - zero!
Најновото продолжение на филмот ќе биде прикажано во октомври, а "Coca Cola" по тој повод ќе лансира специјална серија - "Zero Zero Seven", која би требало да ја зголеми популарноста на овој пијалок кој не содржи шеќер. Договорот со "Coca Cola" за промена на препознатливиот пијалок на агентот - тежи 5 милиони фунти. Лимитираната серија на Бондовиот безалкохолен пијалак ќе биде во продажба само во Лондонскиот "Harrods", по цена од "само" 2 евра.  |