Лондон и Цирих - економски рај Печати Е-меил
[04-09-2008 | 23:33 часот]
 Цирих и Лондон се економски најатрактивни метрополи во Западна Европа, додека животот во Рим е најнеповолен поради...

 

... високиот данок, покажува истражувањето кое го спроведе швајцарскиот економски институт BAK Basel Economics.

Цирих е на првото место според "индексот на атрактивност" благодарение на своите ниски даноци на доход и добивка, се наведува во студијата која анализираше 192 региони во Западна Европа.

Цирих се издвојува и по иновациските капацитети и има повеќе дипломирани граѓани од просекот.

Лондон, кој се наоѓа на второто место, има либерални пазарни прописи и голем број на квалитетни универзитети.

Меѓу 22 анализирани метрополи, Рим се наоѓа на дното на листата поради рестриктивните пазарни услови и високите даноци.