|
Нов хит меѓу богатите (видео) |
|
|
|
[05-09-2008 | 15:14 часот] |
Мини подморницата вредна 36 илјади евра е нов хит меѓу богатите. За оние на кои им здодеа возењето со скутер или глисер, тука е новиот...
... "Seabreacher", кој може да прими две особи. Неговиот изглед потсетува на делфин, и тоа не случајно, туку дизајниран е да може да ги изведува повеќето делфински движења. Така возачот може да рипа во воздух, да заронува, или да прави пируети. На вода може да постигне дури 70км/ч, долго е 4,5 метри, а под вода постигнува брзина од 30км/ч. Годишно од ова револуционерно пловило се произведуваат само околу 20 парчиња, и тоа само по нарачка. На видеото во прилог, погледнете каква забава нуди новата играчка - "Seabreacher".
|