Mесто даљинско, одмавнете со рака! Печати Е-меил
[05-09-2008 | 15:32 часот]
 Не ви се допаѓа програмот? Само одмавнете со рака! Научниците од Toshiba заедно со универзитетот Cambridge развија технологија...

 

... која на гледачот му овозможува да управува со телевизорот, исклучиво со гестови.

Новата технологија очекувано би можела да им стави крај на "даљинските" управувачи.

Покрај тоа што со рака ќе можете да управувате со телевизорот, софтверот ќе оди дотаму што ќе ги препознава гледачите, така што при седнувањето пред телевизор автоматски ќе се упали на вашиот омилен канал.

Единствен проблем засега е тоа што телевизорот погрешно може да ги "прочита" кашлањето, кивањето или истегнувањето - пренесува Daily Mail.

Истражувачите од Toshiba велат дека работат на одстранувањето на овие проблеми, и се надеваат дека ќе го направат софтверот поинтелегентен, така што ќе ги разликува намерните од случајните гестови.

Технологијата е веќе во работна верзија и е преставена на саемот во Берлин оваа недела, а на пазарот би можела да се најде дури за 5 години.