Боки 13-ка на штикла 18-ка! (фото) Печати Е-меил
[05-09-2008 | 23:46 часот]
 Ултракраток шорц, тазе депилирани нозе, нова фризура и штикли од 18 см (подарок од анонимен пријател кој специјално му ги донел од Милано)...

 

... вака накусо би можел да гласи описот за новиот имиџ на Боки 13.

Новиот "лук" на Боки, всушност, е најава за она што ќе следува од него на 17 септември кога е најавен концертот на Градски. Б

оки 13 шоуто се најавува како тричасовна журка со многу познати рефрени во изведба на Боки и неговите гости.

Засега, како што беше соопштено на вчерашната прес-конференција, е потврдено присуството на Радмила Манојловиќ, Тања Савиќ, Бане Моиќевиќ, Милан Станковиќ, Стоја, Ана Николиќ, Даниела Враниќ, Биг Мама и хрватскиот актер Марио Валентиќ или Борна од "Забранета љубов".

Влезниците се веќе пуштени во продажба и по цена од 150 денари, а дел од спектаклот освен гостите ќе бидат и 20 танчари, како и бендот "Жтем".

"Концертот ќе го почнам со песната на Лепа Брена "Ма боли ме уво за све" бидејќи некако многу се пронајдов во неа", изјави Боки 13, кој ги прави последните подготовки за концертот.

Извор: Вечер