Премиера на филмот за Че Гевара Печати Е-меил
[06-09-2008 | 23:42 часот]
 Во петокот во Шпанија беше одржана светската премиера на новиот филм на оскаровецот Steven Soderbergh, во кој се говори за...

 

... животот на латионоамериканскиот револуционер Че Гевара.

Веднаш по премиерата филмот доби спротиставени критики, јавува агенцијата AFP. Конзервативниот весник ABC објави дека револуционерот во новиот филм бил преставен безлично.

Успешниот американски режисер на тоа одговори дека не го правел филмот за да го идеализира револуционерот, туку да го престави онаков каков што бил.

Во филмот "The Argentine" главната улога ја игра порториканецот Benicio Del Toro, а дејствието е во Куба во 50-тите години од минатиот век.

Ова не е прва соработка на Sodebergh и Del Toro.

Тие во 2000 година заедно работеа на супер успешниот филм "Traffic", каде Del Toro играше во улога на мексикански полицаец.

Del Toro игра и во вториот филм на Soderbergh насловен "Guerrilla", во кој се говори за падот на Че Гевара и неговата егзекуција.