Ненадејна смрт на Дино Дворник Печати Е-меил
[07-09-2008 | 15:57 часот]
 Во недела наутро во Загреб од сеуште непознати причини почина хрватскиот пеач Дино Дворник. Сопругата Данијела и ќерката...

 

... Ела се во шок и солзи.

Под сеуште неразјаснети причини во својот кревет бил пронајден мртов - познатиот хрватски пеач кој имаше само 45 години.

Сопругата прво го будела мислејќи дека е во длабок сон, меѓутоа веќе околу 13 часот сватила дека нешто не е во ред.

Полицијата сеуште е во станот на Дворник, и истрагата сеуште трае. Комшиите велат дека последен пат го виделе во четвртокот на балкон, и не им изгледал добро.

Во 1988 година, Дино дебитирал на Загреб-фест со песната "Тебе ти припаѓам", и освоил награда за најдобар дебитант.

Во 1996 година ја добил наградата "Порин" за песната "Африка", а во 1997 година ја добива истата награда за албумот "Енфант терибл".

Во 1998 година добива "Порин" и за албумот "Види ги песните" како најдобар компилациски албум.

Негови попознати песни се и "Ти си ми во мислите", "Зошто правиш слон од мене" и многу други.