Драматична победа на Хамилтон Печати Е-меил
[07-09-2008 | 16:26 часот]
 Дождот кој заврна на трката на Белгиското Гран При, го донесе Луис Хамилтон до победата. Британецот беше втор по Ферарито на Кими...

 

... Раиконен, но по паѓањето на дождот и излетувањето од патеката на Кими, Хамилтон сигурно стигна до врвот на пиедесталот.

Трката на Спа Франкошамп е позната токму по ненадејните дождови, што му донесе среќа на Британецот.

"По второто застанување во пит стопот Кими беше многу пред мене. Се молев да заврне дожд. Знаев дека тоа ќе ми помогне" - изјави Хамилтон по трката.

Покрај Хамилтон на подиумот се најдоа Фелипе Маса од Ферари и Ник Хајтфелд од БМВ Заубер.

По трката во Белегија, Хамилтон го зголеми водството во однос на Маса кој е втор со заостанување од осум бода, па така сега возачот на Мекларен има 80, а Маса има 72 поени.