Од месото е глобалното затоплување Печати Е-меил
[07-09-2008 | 23:14 часот]
 Службените информации кои пристигнаа од ОН покажуваат дека производството на месо придонесува за создавањето на ефектот...

 

... на стаклена градина, повеќе и од издувните гасови во сообраќајот.

Организацијата за храна и земјоделство која работи во рамките на Обединетите Нации, процени дека производството на месо има околу 18% учество во светската емисија на штетни гасови, додека сообраќајот учествува со околу 13%.

"Луѓето би требало да јадат помалку месо ако сакаат да придонесат во борбата против климатските промени", изјави Пачаури, претседателот на меѓународната Стручна заедница за клима.

Според експертите, промената во начинот на исхрана би била важен чекор во борбата со климатските промени.