Нови Спајдермен продолженија Печати Е-меил
[07-09-2008 | 23:44 часот]
 33 годишниот актер Tobey Maguire и режисерот на холивудскиот блокбастер "Spider Man", го планираат снимањето на четвртиот..

 

... и петтиот дел за стрип јунакот со необична моќ.

Студиото "Columbia Pictures" со надеж дека ќе ги намали трошоците, ја разгледува можноста истовремено да ги снима двете нови продолженија, чие снимање би требало да започне во септември 2009-та година.

За сценариото е задолжен James Vanderbilt, кој го напиша сценариото за трилерот "Zodiac" од 2007 година.

"Spider Man" е до сега најуспешната филмско остварување на студиото "Columbia Pictures". Само првите три филма со овој стрип јунак остварија заработка од 2.5 милијарди долари.