Ќе го надминеме Playstation 3 Печати Е-меил
[08-09-2008 | 00:02 часот]
 Подпретседателот на Microsoft Interactive, во разговор со BusinessWeek отворено изјави дека цврсто е убеден дека Xbox 360..

 

... убедливо ќе ја надмине продажбата на последната генерација PS3 од компанијата Sony.

Don Mattrick тврди дека смалувањето на цената на Xbox 360 во САД сигурно ќе допринесе за раст на популарноста на конзолата во однос на Playstation 3

Меѓутоа од Microsoft не го кажаа истото за Nintendo, чија конзола Wii постигнува огромен успех низ целиот свет.

"Во моментов неможам со сигурност да кажам дека и Nintendo ќе го оставиме далеку зад себе, но сигурно ќе продадеме повеќе конзоли од Sony." - изјави Mattrick.

Од агенцијата за истражување на пазарот IDC тврдат дека до крајот на оваа година ширум светот ќе се продадат 44,5 милиони од Wii-то на Nintendo, додека Microsoft нема да ја надмине бројката од 27,7 милиони продадени примероци.

Ако може да се верува на овие предвидувања, Sony ќе мора да се задоволи со "само" 24,2 милиони продадени Playstation 3.