Се продава Мерцедесот на Дајана Печати Е-меил
[08-09-2008 | 00:17 часот]
 Остатокот од Мерцедесот во кој загина британската принцеза Дајана, нејзиниот дечко Доди Ал Фајед и возачот Хенри Пол, набргу би...

 

... можел да се најде на продажба, вели сопственикот на возилото.

Мерцедесот сеуште е во рацете на полицијата во Лондон каде се вршеше истрагата за несреќата.

Но сега, Жан Франсоа, менаџерот на фирмата која е сопственик на возилото, изјави дека ќе го побара назад бидејќи во денешно време Мерцедесот вреди цело богатство.

Тој најави дека предност за купување ќе му даде на таткото на Доди - милијардерот Мохамед Ал Фајед, иако тој веќе ја одби понудата нарекувајќи ја "одвратна".

Извори од британското кралство изјавија дека принцовите Вилиам и Хенри го сакаат Мерцедесот во нивни раце, за да спречат некој од автомобилот да направи морбиден сувенир.

Проценките се дека автомобилот од 100,000 евра, би можел да достигне цена од над 1 милион фунти.