Мозокот - најсилна ерогена зона Печати Е-меил
[10-09-2008 | 15:11 часот]
 Кај сексуалната желба и задоволството се чини дека најголема моќ има умот, а не телото или телесните процеси, велат...

 

... резултатите од истражувањето кое го спроведоа научниците од "Southern California" и "Yale", пренесува FoxNews.

Експертите спроведоа истражување за задоволството од сексуалниот живот на жените кои се излечиле од карцином на матката и жените на кои им се отстранети јајниците.

Кај жените кои останале без јајници, се намалува и потполно исчезнува нивото на хормонот тестостерон.

Тоа е хормонот кој игра клучна улога во настанувањето на сексуалната желба и кај мажите и кај жените.

Истражувањето покажа дека задоволството од секусалниот живот и сексуалната желба не зависи толку од хормоните, колку од умот!

Утврдено е дека психолошките фактори во целата "работа" имаат поголема улога од физиолошките.

Од 179-те испитани жени, 81,1% изјавиле дека се сексуално активни и дека имаат силна сексуална желба, а од нив 90.9% уживаат во сексуалната активност.

Се чини дека, сепак не е се во хормоните, туку дека има нешто и во нашиот пристап кон животот воопшто, но и кон неговиот најсладок сегмент - сексот.