Голем број жени ширум светот носат високи потпетици и стручњаците со право се загрижени за последиците, но конечно еве една добра вест..
Последните истрежувања велат дека една третина од жените пати од трајни проблеми кои се резултат на долготрајно носење на чевли со високи потпетици. Се јавуваат болки во прстите,пликови, па се до опасните невидливи последици како оштетени жили и тетиви. Поголемиот дел од проблемите се последица на протисокот со кои се оптеретуваат стопалата. Колку е повисока штиклата ,толку е поголем притисокот. Колената и грбот исто така се под оптеретување. Високите потпетици својата популарност ја стекнаа во 30-тите години од минатиот век, но тогаш се носеле само во посебни прилики. Денес, благодарејќи на сериите како "Сексот и градот", високите потпетици се секојдневие. Една од десет жени носи штикли трипати неделно, а последните истражувања кажуваат дека третина од жените носејќи високи потпетици се здобиваат со повреди при пад. Стручњаците сугерираат жените да ги носат чевлите со високи потпетици неколку часа пред да излезат од дома. Така стопалата ќе имаат шанса да се навикнат на нив пред да почнат со нив одат или пак танцуваат. Но, не се само лошите вести поврзани со штиклите. Италијанското истражување вели дека со потпетици од 5 сантиметри, жените ќе имаат подобар сексиален живот. Тајната е во тоа што ногата под агол од 15 степени, ги стимулира мускулите кои имаат главна улога при сексуалните игри.  |