|
Изневерување поради финансии |
|
|
|
[14-09-2008 | 00:10 часот] |
Сопругите на превработените и загрижени мажи, среќата се почесто ја бараат во креветот на други мажи, а причината за тоа е едноставна...
... - нивните преоптоварени избраници им станале досадни и неинтересни. Сопствениците на веб страната за осамени срца за луѓето во брак, забележале дека од кога финансиската криза го зафати светскиот пазар, на нивната страна се пријавиле два пати поголем број жени. Имено, се чини дека тие се вртат кон изневерувањето бидејќи финансиската криза ги прави нивните мажи "досадни", принудувајќи ги да работат повеќе, подолго, и да ги избегнуваат друштвените активности. Овој податок се појави само ден откако е објавено истражувањето дека се поголеми шансите за развод ако некој од сопружниците добие отказ. "Половина од жените со кои разговараме се омажени за менаџери на високи позиции, чија работа е тесно поврзана со економијата. Голем дел од нив се приклучиле на сајтот бидејќи мажите ги запоставиле и секој вид страст и интимност исчезнале со влегувањето во 2008 година", вели портпаролот на веб сервисот. Сервисот постои од 2003 година и има 235 илјади членови. До 2007 година на ден се зачленувале по 55 жени, а во 2008 се зачленуваат по 100.  |