Во ЕУ - 10 милијарди евра за љубов Печати Е-меил
[15-09-2008 | 14:57 часот]
 Осамените луѓе ширум Европската унија, минатата година потрошиле преку 10 милијарди евра за да ја пронајдат љубовта на својот живот...

 

Тој износ го потрошиле околу 42 милиони осамени срца, покажува истражувањето на германската агенција "Pairship", која се занимава со барањето на животен партнер.

Аранжаманот за самци вклучува организирање на средба, вечера за двајца, како и подароците за потенцијалните партнери, за што во просек, осамените луѓе се подготвени да издвојат околу 260 евра.

Со цел да пронајдат маж или жена, најмногу трошат Италијанците, кои во просек двоеле дури 400 евра. Најмногу заработиле австриските агенции, кои минатата година направиле профит од 244 милиони евра.

Извор: Макфакс