При интелектуална работа човекот согорува се на се три калории повеќе отколку при одмор, а внесува скоро 30% повеќе калории преку храна...
... па од таму се и вишокот килограми, велат научниците. Истражувачите откриле дека стресот кој го предизвикува тешката ментална задача може да доведе до прејадување. Овие резултати можат да помогнат да се открие како современиот начин на живот влијае на денешната епидемија - гојазноста. Тимот на истражувачите го мерело спонтаното внесување на храна кај 14 студенти кои решавале три различни видови на задачи. Првата задача била опуштање во седечка положба, другата била читање и прераскажување на текст, а третата задача се однесувала на серија на текстови за паметење, внимание и концентрација на компјутер. 45 минути по секоја од овие активности, учесниците можеле да изедат колку сакаат храна, посложувајќи се самите од шведска маса. Научниците пресметале дека секоја од наведените интелектуални активности троши се на се три калории повеќе од одмарањето. Меѓутоа, покрај потрошените калории при менталното работење, студентите по прераскажувањето на текстот внеле 203 калории повеќе, а по решавањето на третата задача, 253 калории повеќе отколку при одмарањето. Тоа значи дека внесувањето на калориите било 23,6 односно 29,4% поголемо по менталната работа, отколку по одмарањето. |