Критична е 2-та, а не 7-та година! Печати Е-меил
[16-09-2008 | 23:24 часот]
 Најновото истражување на британците откри дека за опстанок на бракот веќе не е најопасна неговата 7-ма, туку 2-та година од бракот...

 

Во текот на втората година од бракот се случуваат најголем број на разводи кои воглавно се поттикнати од неверство.

Вкупно 10% од браковите поради таа причина се распаѓаат на самиот почеток, за што најмногу придонесуваат и интернетот и услугите за развод, кои тој законски процес сега го забрзуваат, го олеснуваат и го прават поевтин.

Компанијата "Divorce-Online", резултатите од анкетата ги објави по повод нивниот 50.000-ти развод.

Анкетата утврди дека ризикот од неверство останува висок во првите 5 години, и дека мажите се оние кои почесто изневеруваат.