9 видови на "тешки" алкохоличари Печати Е-меил
[18-09-2008 | 22:57 часот]
 Ако веруваме на студиите кои ги објави британското Министерство за здравство, постојат девет видови на тешки алкохоличари, односно...

 

... луѓе кои секој ден пијат по неколку пијалоци и тоа им станува стил на живот. Алкохоличарите не се свесни за својата зависност затоа што таа е внесена во секојдневието и таканареченото опуштање по напорниот работен ден.

"На овие луѓе алкохолот им е дел од дентитетот, а резултатите на студијата се поразителни. Најлошо е тоа што опивањето е друштвено прифатено", изјави портпаролот на Министерството за здравство на Англија.

Според нивните истражувања постојат (следниве) девет видови на алкохоличари:

1. Антистрес алкохоличари

- оние кои пијат за да се смират и да го контолираат својот стрес

2. Депресивни алкохоличари

- ја опфаќаат сета доба од тинејџери до старци, луѓе кои не можат да се носат со депресијата

3. Алкохоличари од досада

- оние кои бараат стимулација и тепаат време пиејќи алкохол

4. Осамени алкохоличари

- луѓе кои пијат поради недостаток на пријатели или животен партнер

5. Алкохоличари во друштво

- личности кои пијат затоа што сите околу нив пијат

6. Мачо алкохоличари

- личности желни да се докажат на спротивниот пол и на пријателите

7. Алкохоличари-хедонисти

- личности кои уживаат во пороците, па и во алкохолот

8. Кафански алкохоличари

- луѓе кои уживаат да се забавуваат во клубовите и баровите, па така спонтано стануваат алкохоличари

9. "Поврзувачки" алкохоличари

- луѓе кои организираат забави и очајнички бараат на себе слични да не пијат сами

Студијата покажала дека во Велика Британија, секоја година во болница завршуваат околу 50 илјади млади луѓе поради проблемот со алкохол.

"Алкохолизмот е сериозна зависност за која повеќето луѓе не се ни свесни", заклучи предводникот на студијата.