Пицата - лоша за трудниците Печати Е-меил
[22-09-2008 | 00:37 часот]
 Најновото истражување на американските научници, не само дека ги потврди тврдењата дека трудниците мора да внимаваат на...

 

... својата исхрана, туку докажа дека конзумацијата на брза храна за време на бременоста значително го зголемува ризикот од спонтан абортус, пренесува The Sun.

Хамбургерите, пицата, бисквитите, колачите и сличните производи богати со маснотии, го зголемуваат ризикот од спонтан абортус за дури 52%.

Експертите го спроведоа истражувањето на 104 идни мајки, а резултатите покажуваат дека брзата храна ја зголемува отпорноста на трудниците на инсулин, што доведува до зголемување на нивото на хемикалии кои се поврзани со спонтаниот абортус.

Претходните студии покажуваат дека жените кои се хранат неправилно во текот на бременоста, го зголемуваат ризикот на своето дете за претилост.