Конзервативците се побогати Печати Е-меил
[22-09-2008 | 23:45 часот]
 Мажите кои веруваат дека за жената е најдобро да се бави само со домашни работи, најчесто се сметаат за традиционални. Сепак, најновото..

 

... американско истражување открива дека всушност овој тип на мажи заработуваат многу повеќе од своите соперници со модерни размислувања, соопшти BBC.

Психолозите веруваат дека мажите кои сакаат да доминираат во врската тоа истото го прават и на работното место, и токму поради тоа, на годишно ниво во просек заработуваат 8.500$ повеќе мажите кои ги сметаат жените за рамноправни.

Научниците од Универзитетот во Флорида спроведоа истражување на 12.686 мажи и жени, кои биле опсервирани речиси 20 години.

Кога се во прашање жените, правилото е сосема спротивно. Имено, жените со традиционално сфаќање, по правило заработуваат помалку од жените на "модерното доба".