Блејн со нов предизвик (фото) Печати Е-меил
[23-09-2008 | 23:34 часот]
 Дејвид Блејн, три дена и две ноќи ќе виси над Централ парк во Њујорк. Егзибиционистот Блејн (35), кој досега има поминато 44 дена без...

 

...  храна, бил замрзнат 72 часа во коцка лед, и потопен во базен 7 дена, овој пат ќе виси наопаку над лизгалиштето во паркот.

Познат по серијалот "Улична магија", Блејн на новинарите им изјавил дека ова за него ќе биде најтешкиот потфат до сега.

Лекарите го предупредиле Блејн, дека неприродната положба во која ќе се најде неговото тело, може да има катастрофален ефект врз неговиот организам.

Помеѓу другото, Блејн може да ослепи за време на својата 60-часовна точка - ништо ново за него, бидејќи и во досегашните точки тој се изложувал на силни здравствени ризици.