Во солзи го напушти рингот (видео) Печати Е-меил
[24-09-2008 | 00:24 часот]
 "Жал ми е што мечот заврши на ваков начин. Не ми беше тоа целта, сакав да го нокаутирам Филиповиќ. Бев на добар пат, но мечот за жал беше...

 

... прекинат" изјави холандскиот борец Алистер по излегувањето од рингот.

Тој го напушти рингот неповреден, додека Мирко Филиповиќ имаше видливи повреди на лицето, и со болна гримаса на лицето и солзи во очите го напушти рингот.

Причината за прекин и поништување на борбата беше пренискиот удар од Алистер кој на двапати го удри Мирко во пределот на тестисите.

Какви се последиците сеуште не се знае, а Алистер за недозволениот удар доби жолт картон.

Инаку во текот на борбата беше видлива надмоќта од холанѓанецот кој доколку не дојдеше до прекин на борбата, речиси сигурно ќе ја однесеше победата.

"Најдобар борец сум и кој сака борба со мене, само нека влезе во рингот" - изјави Алистер по мечот.

Како течеше мечот во кратки црти погледнете на видеото во прилог...