Слатки мириси за слатки сништа Печати Е-меил
[24-09-2008 | 15:37 часот]
 Ако сакате да имате убави сништа, во спалната соба ви е потребен пријатен мирис - советуваат германските научници. Најновото истражување...

 

... во кое учествуваа 15 жени, покажува дека мирисот на ружата поттикнува убави сништа.

Од друга страна, мирисот на расипано јајце (нормално) има спротивен ефект.

Експертите тврдат дека ова е прва научна студија која ја докажува поврзаноста помеѓу мирисот и соништата.

Истражувањето го спроведоа германски експерти, кои на волонтерите пред спиење им давале да мирисаат различни мириси.

После будењето, од респодентите било барано да кажат што сонувале и какви чувства имале.

Непријатните мириси поттикнале неубави соништа и предизвикале негативни емоции, додека пријатните мириси, како што е аромата на ружи, будат позитивни емоции и пријатни соништа.

Експертите сметаат дека ова истражување ќе отвори нови можности за лечење на различни пореметувања како кошмарите и несоницата.

Освен мирисот на ружа, позитивно влијание има и аромата на мандарина, камилица, портокал и мента.