Нарцисоидите и Facebook Печати Е-меил
[24-09-2008 | 15:52 часот]
 Нарцисоидните луѓе го користат Фејсбук за своја промоција, а тоа можат да го забележат и другите, покажа новата студијата објавена од...

 

... професорите од универзитетот во Џорџија.

130 корисници на Фејсбук биле вклучени во студијата.

Набљудувачи неповрзани со истражувањето ги прегледувале страниците на корисниците вклучени во студијата, и според сопственото мислење - ја оценувале нарцисоидноста на корисниците.

На крајот резултатите покажале дека бројот на пријателите на Фејсбук и пораките на "ѕидот" на профилот се во директна врска со нарцисоидноста на корисникот.

Нарцисите секогаш се трудат да стават што повеќе откачени слики, да привлечат коментари и да имаат што повеќе пријатели.

Професорката Буфарди истакнува дека ова е еднакво на однесувањето на тие луѓе во реалниот свет – односно дека тие остваруваат бројни, но површни врски и познанства.

Нарцисоидните, исто така, за своја слика на профилот ќе ја изберат најубавата или нај откачената слика, што ќе ги претстави во најдобро светло, додека другите користат обични фотографии.

Дури и набљудувачите кои ги оценувале профилите на корисниците можеле да ја откријат нарцисоидноста.

Набљудувачите главно обраќале внимание на три работи – количината на интеракцијата, привлечноста на личноста, како и колку труд потрошила на само-промоцијата на профилот.

Сето тоа им помогнало да создадат "слика" за карактерот на корисникот.

Водителите на оваа студија го избрале Фејсбук поради фактот дека моментално е најпопуларен, како и поради тоа дека страните на корисниците изгледаат еднакво и е полесно да се споредат.