Повеќе нема потреба секој пат кога ќе почувствувате умор, да дочекате да стигнете дома за да си легнете во својот кревет...
Удобниот "стоечки" кревет ви гарантира мирен сон и сред градската гужва. Дизајнот на уметникот Џејми О'Ши е претставен на овогодинешниот арт и хај теч саем "Conflux 2008", а со него, авторот сака улиците на Њујорк да ги претвори во "оаза на мирот", место каде што ќе може добро да се наспиете. "Стоечкиот кревет" не е само направа која ќе ве држи во исправена положба. Џејми монтирал соодветни метални држачи за нозете, кои со помош на специјалните кондури ќе ги потпираат нозете и стапалата. Држачите се прицврстуваат околу телото со специјален појас и ремени. За поголема удобност, тука е и соодветната перница, очилата за сонце со перничиња за очи, слушалки против бучава и чадор за случај на дожд. И што е најдобро, сето ова го собира во едно куферче. Во текот на 4 - дневната манифестација, уметникот спиел на својата направа по 40 минути на секои 4 часа. 
 |