Google поклонува 10 милиони $ Печати Е-меил
[25-09-2008 | 23:22 часот]
 По повод 10 години од своето постоење, најпопуларниот интернет пребарувач "Google" најави дека ќе поклони 10 милиони $...

 

... за најдобрите идеи кои ќе го "променат" светот.

Од компанијата најавуваат дека сумата ќе биде поделена помеѓу 5 личности кои ќе ги понудат најдобрите идеи.

Ќе бидат избрани идеи кои можат да дадат сјајни резултати преку новата технологија, а кои на долг рок би имале огромно влијание.

Сите заинтересирани, своите предлози ќе може да ги доставуваат до 20-ти октомври.

Првите 100 најдобри идеи ќе бидат издвоени и објавени на 27-ми јануари 2009 година, а потоа, посетителите преку гласање ќе го формираат потесниот круг од 20 финалисти.

Од 20-те финалисти, посебна комисија на Google ќе ги избере 5-те победници.