Несреќен Гејфест во Сараево (фото) Печати Е-меил
[26-09-2008 | 01:03 часот]
 Забрадени хулигани со насилство и дивеење го прекинаа првиот - долгоочекуван Геј фестивал во Сараево. 8 посетители...

 

... 1 новинар и две јавни личности на Босна се повредени во нападот од страна на хулиганите.

Фестивалот претходно оценет како високо ризичен, го обезбедувале голем број на специјалци кои на крај спречиле ескалација, иако имало инциденти и повредени, се вели во соопштението на полицијата.

Овој месец како што пренесува Блиц, исламските медиуми воделе кампања против организација на фестивалот, и тоа за време на Рамазан. Анонимни смртни закани пристигнувале до организаторите на собирот и до медиумите кои ги поддржувале.

Немилиот настан (после сличниот еполог на Белградскиот геј фестивал), покажа дека на балканот - тешко дека во скоро време ќе има геј собири и фестивали без насилство и инциденти.

И покрај инцидентите и насилството, организаторот соопшти дека геј фестивалот ќе продолжи според планираното - до 28-ми овој месец.

Еве дел од атмосферата на собирот во Сараево...