Внатрешноста на "Атлантис" (фото) Печати Е-меил
[26-09-2008 | 14:38 часот]
 Спектакуларно, луксузниот хотел "Атлантис" што се наоѓа на уникатниот вештачки остров во форма на палма крај брегот во Дубаи, завчера и...

 

... официјално беше отворен за гостите, јавуваат светските агенции.

Новиот хотел во Дубаи на гостите ќе им понуди апартмани во кои за една ноќ ќе треба да платат над 16.000 евра.

Сепак, има и соби за луѓето со помали примања кои ноќевање во овој хотел ќе ги чини "само" 400 евра.

Станува збор за чудо на архитектурата, технологијата и естетиката.

Изградбата на хотелот чини над 400 милиони евра.

Во Дубаи сметаат дека хотелот "Атлантис" и вештачкиот остров во форма на палма ќе станат главна туристичка атракција.

Официјалните претставници на хотелот се убедени дека без проблем ќе пополнат 1.539 соби, што ќе им ги нудат на туристите од разни земји во светот.

Комплексот е распослан на простор од 46 хектари, од кои 17 хектари се претворени во разни центри за забава.

Има бањски центар, фитнес-центри, како и големи конференциски сали.

До 2010 година Дубаи очекува да привлече 10 милиони посетители од целиот свет.

Погледнете дел од внатрешноста на "Атлантис"...