|
Јапонец промовираше човечки ербег |
|
|
|
[26-09-2008 | 15:56 часот] |
Високата старосна граница во Јапонија, ги поттикна локалните мозоци да размислат како да ги заштитат своите стари и изнемоштени..
... сакани. Иноваторот Матсуа Учида со таа намена, на саемот за Грижа и рехабилитација во Токио го промовираше својот изум - човечкиот ербег. Се работи за елек тежок само 1 килограм, кој во себе има вградено перничиња кои при случај на губење на рамнотежата и потенцијален пад - се отвора за само 0,1 секунди. Со оваа иновација Јапонците се надеваат дека ќе го заштитат своето постаро население (30 милиони се над 65 години), кое неретко се здобиваат со сериозни повреди од пад. Изумот е добар, но сепак цената е малку превисока - елекот чини 900 евра.  |