Се молат патниците да побуткаат Печати Е-меил
[26-09-2008 | 23:26 часот]
 Обично во авион не се случува да побараат од вас да буткате, но во Кина тоа и се случи. Слетувајќи на пистата во кинескиот град Женгжу, во...

 

... моментот кога требал да се паркира, авионот се соочил со дефект на хидрауликата.

Во несекојдневната ситуација, дел од екипажот и патниците биле замолени да излезат да го побуткаат авионот.

Полни 2 часа им биле потребни на "аргатите" да го избуткаат авионот 900 метри - колку што било одалечено местото за паркирање.

Среќа во несреќа е што се работело за помал тип на авион тежок "само" 20 тони, инаку ваква "акробација" не би била возможна...