|
Предупредување на мобилните |
|
|
|
[28-09-2008 | 23:30 часот] |
И на мобилните телефони треба да стои предупредување дека се опасни за здравјето, исто како кај цигарите - сметаат...
... експертите од САД. Голем број на студии укажуваат на поврзаноста на зрачењето од мобилниот телефон со туморот на мозок, па затоа властите не би требало да направат пропуст како со цигарите, кога тие не биле поврзувани со ракот на белите дробови. На властите им беа потребни 50 години да ја натераат тутунската индустрија да ја признае опасноста, и повеќе од 70 години, да го отстрани оловото од бензинот. "Такви грешки се смеат да се повторат. Вистина е дека нема цврсти докази за поврзаноста на мобилните со туморот, но од превентивни причини не смееме да препуштиме се на случајноста", смета директорот на институтот за здравје, Дејвид Карпентер. Експертите сметаат дека со едноставно предупредување состојбата може драстично да се подобри, и да бидат избегнати негативните ефекти од користењето на мобилниот телефон. 
|