Од оваа недела - Nokia Tube Печати Е-меил
[29-09-2008 | 23:08 часот]
 Најголемиот светски производител на телефони - Nokia, во четврток (2 октомври) ќе го претстави телефонот кој ќе биде конкурентен на iPhone!

 

Голем број на производители веќе претставија нови телефони, кои се лесни за користење и имаат екрани осетливи на допир, односно "touch screen", по примерот на iPhone.

"Nokia е под голем притисок да промовира некој добар производ. Луѓето чекаат на тоа, повеќе од една година", изјави аналитичарката од компанијата за истражување на пазарот, Каролина Миланези.

Моделот Nokia 5800, познат како "Tube", ќе има посебно развиени апликации за музика и мултимедија, така што повеќе ќе личи на музичка направа, отколку на мобилен.

Првиот телефон на Nokia со "touch screen" ќе биде опремен со Симбиан оперативен систем, ќе има GPS, WiFi, ТВ излез, 3,2 мегапикселна камера и 8GB microSD меморија.