Несреќниот Фелипе Маса го извлече подебелиот крај на неделната трка во Сингапур. За несреќата најмногу е заслужно новото технолошко чудо...
... во боксот на Ферари. Нивниот нов семафор работи на сензори и го пали зеленото светло веднаш штом болидот е дополнет со гориво. Токму поради оваа несреќа, семафорот може да оди на клупата за резерви, а стариот добар рачен знак STOP-GO да се врати во игра. Маса водеше во Сингапур до траги-комичниот 17 круг, кога семафорот се упали зелено, а болидот одлета со цревото на него. Во инцидентот нокаутирани останаа неколку механичари на Ферари, а истече и 40 литри бензин. Славниот Ники Лауда ја искоментира спорната ситуација. "Ферари сега мора да реагира. Новата технологија не е секогаш најдобро решение. Светлата се едноставно грешка. Со рачниот знак вакви работи никогаш не би се случиле". Солидарниот Маса не им замери на своите механичари, нагласувајќи дека мора да бидат сложни во последните три трки. Дали од следната трка Ферари ќе се врати на рачниот знак во боксот, ќе видиме на трката во Јапонија. 


|