До сега се појавија неколку мотори инспирирани од Ferrari, но ниеден од нив не можеше да се пофали со модерна технологија и дизајн...
... доследен на оргиналниот производител. Новиот концепт на израелскиот дизајнер Амир Глиник изгледа доста импресивно. Замислен е (барем теоретски) со V12 моторот на Ferrari Enzo, "исечен" на само 4 цилиндри и адаптиран да придвижува само едно тркало. Глиник во својот концепт отишол и малку подалеку, па така во неговата замисла има компоненти од авио ловецот F-16 и хај теч компоненти од Формула 1. На горниот дел од резервоарот е планиран и водоотпорен тачскрин екран со GPS навигација. Сепак, овој мото концепт е многу далеку од реалноста. Затоа екс дизајнерот на Ферари - Франк Стефенсон, за оние кои посакуваат Ферари мотор вели: Во моментов и воопшто во реалноста, мотор кој е најблиску до Ферари - е Дукати. 




|