|
Со рок и поп, најдобро се трча |
|
|
|
[02-10-2008 | 23:27 часот] |
Новото истражување на научниците од универзитетот "Brunel", Лондон, откри дека слушањето на рок и поп музика...
... со брз ритам, го подигнува капацитетот за вежбање за дури 15%. Докторот Костас Караџорѓис го спроведе истражувањето на 30 лица, кои вежбале на лента за трчање, а при тоа слушале различни видови музика. Резултатите покажуваат дека капацитетот и желбата за трчање се засилува кај лицата кои слушаат рок и поп музика со побрз ритам, а покрај желбата, со овој избор на музика зголемено е и уживањето во вежбањето. Песните "The Heat is On" од Glenn Frey, "Don't Stop Me Now" - Queen, како и големиот хит на шведската поп гурпа Abba - "Dancing Queen", предизвикале најголема желба за трчање. Истражувањето е сеуште во тек и ова се само дел од резултатите. Целосните резултати би требало да бидат објавени следната година во журналот - Психологија на спортот и вежбањето. 
|