|
Џоинтот е поздрав од другите пороци |
|
|
|
[02-10-2008 | 23:38 часот] |
Марихуаната е помалку штетна од алкохолот и цигарите, покажува најновата студија на британската фондација "Beckley Global...
... Cannabis", која сака да укаже на тоа дека човештвото има поголем проблем со употребата на алкохол и цигари - легалните и секојдневни пороци на човечкиот род. Фондација "Beckley Global Cannabis" го застапува мислењето дека законската забрана за употреба на марихуаната, придонесува до зголемување на криминалот. Во извештајот на фондацијата стои дека канабисот има негативно влијание врз здравјето, но последиците се релативни во однос на последиците од пушење или конзумирање на алкохол. Историски гледано, во светот се забележани 2 смртни случаи од марихуана, додека годишно, само во Велика Британија умираат 150.000 како последица на алкохолизмот и пушењето.  |